Вчера во Франција се регистрирани 389.320 новозаразени лица со коронавирусот, по четири последователни дена кога бројот на новозаразени беше над 400.000.

Француското Министерство за здравство соопшти дека на одделенијата за интензивна нега има 3.746 пациенти, 46 помалку од претходниот ден.

Министерството исто така соопшти дека 167 лица починале од корона вирусот во текот на изминатите 24 часа, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 во Франција се зголеми на 128.514.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.