Директорот на „Рајнметал“, најголемата германска компанија која произведува оружје, Армин Папергер, истакна дека на Европа ќе и биде потребно многу време да се подготви за да се соочи со „агресорот кој сака да се судри со НАТО“.

Како што истакна Папергер, неговата оценка е дека за три-четири години ситуацијата во оваа работа ќе биде добра, но за да биде навистина добро ќе бидат потребни подготвки кои ќе траат една деценија.

Папергер додаде дека магацините за муниција во Европа во моментов се празни.

Треба да произведеме 1,5 милиони парчиња муниција во Европа. Огромна количина европска муниција е испратена во Украина и малку е останато во европските магацини“, истакна директорот на „Рајнметал“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.