Дваесетгодишна девојка во Австралија загина паѓајќи од карпа додека се обидувала да направи „совршена фотографија“ за „Инстаграм“. Ујвала Вемуру заедно со пријателите го посетиле Националниот парк Ламингтон во Квинсленд, при што застанале на познатите водопади Јанбакучи, за да направат фотографии. Ујвала сакала да се фотографира пред рајските водопади, но направила фатална грешка: кога ѝ се лизнал мобилниот телефон, се обидела да посегне по него, изгубила рамнотежа и се лизнала по падина висока околу десет метри пред да падне уште десет метри во дупка.

Пријателите викаа по неа, но не добија одговор. Веднаш повикале брза помош. Беше потребно време за итните служби да извршат проценка на ризикот и да ја најдат, изјави полицискиот портпарол на американската телевизија ABC

Спасувачите успеале да ја извлечат девојката дури по неколку часа. Сè што можеа да направат е да констатираат смрт.

Ујвала дошла од Перт да студира медицина на Универзитетот Бонд во близина на Голд Коуст. Во 2018 година, таа била прогласена за една од „најсветлите млади луѓе во Западна Австралија“ поради добрите резултати на факултетот.

Ова не е прв случај да загине млад човек во обид да се фотографира за социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.