Девет лица загинале, а неколку се повредени во голема сообраќајна несреќа во која учествувале шест возила во северниот дел на Лас Вегас.

Несреќата се случила кога автомобил со голема брзина поминал на црвено светло на семафор и налетал на неколку други возила на крстосницата.

Никогаш досега не сме виделе ваква сообраќајна несреќа со толку голем број жртви – изјавил портпаролот на полицијата во Лас Вегас, Александар Куевас.

Во несреќата учествувале 15 лица. Две лица се пренесени од местото на несреќата во болница, каде едното подоцна починало, додека другото лице е во критична состојба. Меѓу жртвите има и деца.

Официјалните лица изјавиле дека брзината била причина за несреќата, како и дека виделе дека автомобилот поминува на црвено светло.

Дополнително удрил неколку возила и, за жал, тоа беше хаотичен настан – изјавил Куевас.

Меѓу загинатите е и возачот на автомобилот што ја предизвикал несреќата.

Нашите мисли и нашите молитви се со семејствата кои доживуваат огромна и непотребна загуба поради невнимателен чин – изјавила членката на Градскиот совет на Северен Лас Вегас, Памела А. Гојнс-Браун.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.