Економистот и политичар на крајната десница, Хавиер Милеј ќе биде нов претседател на Аргентина по победата во вториот круг на изборите во јужноамериканската земја.

Милеј освои 55,95 отсто од гласовите, додека неговиот ривал Серхио Маса доби 44,04 отсто поддршка. Тоа се официјални резултати по 86 отсто пребројани гласачки ливчиња.

Маса го призна поразот и на приврзаниците им порача дека „Милеј е претседател кого го избраа погоелмиот број на Аргентинци за наредните четири години“.

Во победничкиот говор во Буенос Аирес, Милеј порача дека „почнува крајот на декаденцијата“ и следува „обнова на Аргентина“.

Милеј ќе ја преземе претседателската функција на 10 декември.

Честитки упати и поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Целиот свет гледаше! Јас сум многу горд на тебе. Ќе ја свртите вашата земја и навистина ќе ја направите Аргентина повторно голема, рече Трамп на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.