Десетици украински семејства, кои живеат во западните земји, стапиле во контакт со Постојаната мисија на Русија во ОН со барање да им помогне да ги вратат децата одземени од службите на овие земји, соопшти Григориј Лукјанцев, директор на Одделот за хуманитарна соработка и човекови права на ОН.

Од април 2023 година, неколку десетици украински мајки и семејства се обратија до Постојаната мисија на Русија во ОН во Њујорк со барање да се обезбеди помош за враќање на нивните деца… Оние кои аплицираа отворено рекоа дека украинската страна укажала дека имале некакви политички проблеми“, вели дипломатот.

Според него, слични барања продолжуваат да пристигнуваат, а официјална Москва се обидува да го разбере секој конкретен случај.

Во април, првиот заменик постојан претставник во ОН, Дмитриј Полјански, изјави дека голем број луѓе, вклучително и бегалци од Украина, се обратиле до руската мисија со барање да помогнат во враќањето на децата земени од властите на земјите од ЕУ. Тоа што се случува го нарече системски европски проблем, кој „Западот не сака да го забележи“.

Како што истакна Полјански, проблемите на оние што се пријавиле не се директно поврзани со работата на руската дипломатска мисија, но „човечки е многу тешко да се разрешат“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.