Турската полиција привела 37 луѓе поради нивните објави на социјалните мрежи поврзани со силните земјотреси што во понеделникот опустошија области во Турција и соседна Сирија.

Уапсените споделувале објави „со цел да внесат страв и паника кај населението“, информира полицијата преку објава на Твитер.

Не е прецизирано за кои и какви објави станува збор.

Неколку веб-страници исто така се затворени затоа што, на пример, нивните оператори сакаа да ја искористат подготвеноста на луѓето да помогнат и ги измамија донаторите“, додава полицијата.

Многу традиционални медиуми во Турција се под владина контрола, што ги прави социјалните медиуми важен извор за алтернативни информации, иако овие објави честопати е тешко да се проверат, забележува ДПА.

Твитер беше привремено блокиран во Турција во средата, по што опозицијата оцени дека Владата се обидува да ги замолчи критиките за нејзиното справување со кризата по земјотресот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.