Десетици цивили загинаа, а стотици се повредени за време на силно руско гранатирање на градот Харков, соопштија украинските власти.

Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи во Киев, напиша на Фејсбук дека московските трупи бомбардирале станбени области со проектили, велејќи:

Десетици се убиени, а стотици се ранети! Целиот свет мора да го види овој ужас! Смрт за окупаторите, додаде тој.

Во оваа фаза не може да се каже точно колку цивили се убиени досега. Шефицата на ОН за човекови права Мишел Башелет претходно денеска изјави дека најмалку 102 цивили се убиени, а уште 304 се повредени.

Повеќето од овие цивили беа убиени од експлозивно оружје со широк дострел, вклучително и гранатирање од тешка артилерија и ракетни системи и воздушни напади. Се плашам дека реалните бројки се многу поголеми, рече Бачелет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.