Најмалку десет Палестинци се убиени, а повеќе од 100 се повредени во конфликти кои избувнаа кога израелски војници влегле во палестинскиот град Наблус на Западниот брег, соопштија палестински здравствени службеници.
Во конфликтот една зграда е срамнета со земја, а продавниците се оштетени од куршуми, со што ова е еден од најсмртоносните инциденти во изминатата година на Западниот брег и во анектираниот источен Ерусалим, а може да се очекува да следи и ново крвопролевање, пренесе Бета.
Исламскиот екстремистички Хамас, кој е на власт во втората палестинска територија – Појасот Газа, предупреди дека „трпеливоста му е при крај“. Хамас војуваше со Израел четири пати откако во 2007 година ја презеде контролата врз Појасот Газа од силите лојални на умерениот Фатах.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, оцени дека ситуацијата на окупираната палестинска територија е „најзапаллива“ после повеќе години и операцијата во Наблус ја опиша како „длабоко загрижувачка“. Гутереш апелира да се спречи понатамошна ескалација на насилството, да се намали напнатоста и да се врати мирот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.