Вкупно десет лица се затруле со јаглерод моноксид по јадење на месо од скара во германскиот град Валдкрајбург во Баварија, а полицијата покренала истрага против жената (44) која ја разгорила скарата на балконот од нејзиниот стан.
Како што осомничената изјавила во полиција, откако ја запалила скарата на балконот, ја ставила скарата на јаглен во дневната соба и ја затворила вратата од балконот, што било фатално.
Жената, тројца членови на семејството, меѓу кои и 14-годишник и 18-годишник и еден спасувач се здобиле со тешко труење со јаглерод моноксид, а двајца соседи и уште тројца спасувачи се полесно повредени, пишува германскиот портал t-online.
Болничарите ги однеле сите десет лица во болница, а жената ќе одговара за наносување телесни повреди од невнимание.
По овој случај, германската полиција уште еднаш ги предупреди граѓаните на забраната за печење на јаглен или гас во затворени простории.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.