Демонстрантите и полицијата се судрија во германскиот град Есен, каде што се одржува дводневниот конгрес на десничарската германска партија „Алтернатива за Германија“, јави ДПА.

Поголема група демонстранти се обидoa да го пробиjат полицискиот кордон во просторот на салата каде што ќе се одржи партискиот настан.

Полицијата употреби палки и бибер спреј за да ги спречи демонстрантите.

На конгресот учествуваат околу 600 делегати на десничарската партија. Партиските лидери Алис Вајдел и Тино Крупала се борат за реизбор пред германските парламентарни избори следната година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.