Демонстрант со палестинско знаме се самозапалиl пред израелскиот конзулат во американскиот град Атланта. Демонстрантот, кој не е идентификуван, е во критична состојба, а повреден е и еден полицаец кој се обидел да интервенира.
Двајцата имаат изгореници и се пренесени во болница.
Се чини дека тоа е екстремен чин на политички протест, изјавиl Дарин Ширбаум од полицијата во Атланта, додавајќи дека на местото на инцидентот е пронајдено палестинско знаме.
Демонстрантот пристигнал пред зградата во која се наоѓаат конзулатот и неколку фирми, се полил со бензин и се запалил.
Жалење за инцидентот искажа генералниот конзул на Израел за југоисточниот дел на САД, Анат Султан-Дадон.
Трагично е да се види дека омразата кон Израел е изразенa на толку страшен начин. Светоста на животот е нашата најголема вредност, вели Султан-Дадон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.