Украина првпат забележа дека нејзините артилериски гранати од 155 милиметри „Ескалибур“ управувани со ГПС одеднаш почнаа да се оддалечуваат од целта. Тогаш ракетите истрелани од повеќекратните ракетни фрлачи на Хајмарс, чија точност некогаш официјален Киев ја фалеше „како скалпел“, почнаа да ги промашуваат своите цели. Во некои области, тие речиси секогаш промашуваа, пишува британски „Дејли Телеграф“.
Во текстот се додава дека истото се случи и со наведуваните бомби ЏДАМ кои САД ги доставуваа до украинските воздухопловни сили.
Истрагата на крајот покажала дека сите тие станале жртви на нова закана – руски елктронски пречки. Русија тивко разви вештина за уништување на некои од највредните ракети испорачани на Украина.
Ова е редок, но одлучувачки пример за руската технолошка предност во војната, која постепено се развива во корист на Русија.
Дејството на руските системи за електронско војување, сега, речиси по целата линија на фронтот се протега како штит – невидлив ѕид од електромагнетни импулси.
Комплексната мрежа од радио, инфрацрвени и радарски сигнали пренесени кон небото над бојното поле им обезбедува на руските сили невидена заштита во некои области.
И, не се само украинските проектили кои сега не успеваат да стигнат до своите цели. Можеби поважна е способноста на Русија да се спротивстави на плејадата евтини и понекогаш комерцијално купени беспилотни летала од кои Украина почна да зависи за извидување и удари со долг дострел.
Поради ваквиот развој на случувањата, Украинците коментираат дека се во неповолна положба на фронтот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.