Сите деца родени во Херсонската област по 24 февруари, кога Русија започна специјална воена операција во Украина, автоматски ќе добијат руско државјанство, изјави денеска заменик-шефот на воено-цивилната управа на Херсонската област Кирил Стремусов.
Тој изјави дека сирачињата кои живеат во регионот Херсон автоматски ќе добијат руско државјанство, пренесува ТАСС.
На 25 мај, рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за поедноставување на правилата за добивање руско државјанство за граѓаните од регионите Запорожје и Херсон во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.