Масовниот убиец од Прага, како што објави чешкиот портал Новинки, е 24-годишниот Давид Козак, студент на Филозовскиот факултет. Како што пренесува порталот, полицијата во четвртокот попладне започнала потрага по него бидејќи го поврзувала со случај на насилна смрт на Кладно. Тој наводно го убил својот татко во семејната куќа.

Двата случаи се подоцна поврзани.

Мотивот за пукањето се уште не е познат.

Полицајците во централна Чешка објавија дека трагаат по млад човек наводно поврзан со насилната смрт на маж во регионот. Не исклучуваат поврзаност со пукањето во Прага, пренесува порталот Блеск.

Во областа Кладенско/Кладно интервенираа неколку полициски единици, од кои некои се опремени со долги цевки или митралези. Според информациите на порталот Новинки, сè укажува дека настанот е поврзан со масакрот на Филозофскиот факултет во Прага.

Според порталот, полицајци можат да се видат во една од семејните куќи во селото Хостоун во Кладно. Меѓу интервентните полициски службеници има и пиротехничари и други вештаци. Полицијата се уште официјално не соопштува детали за инцидентот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.