Данската Влада одобри во 2025 година да се воведе еколошки данок на авиобилетите, кој до 2030 година ќе стигне до 13,5 евра. Министерот за сообраќај на оваа земја, Томас Даниелсен, објасни дека сообраќајниот сектор моментално поминува низ брза зелена транзиција, а овој договор се однесува и на авијацијата.

Секогаш ќе биде можно да се патува со авион, но тоа мора да биде направено на еколошки начин – рече Даниелсен.

Еколошкиот данок ќе се однесува на кратките летови од Данска и ќе изнесува 30 круни или 4 евра кога ќе биде воведен во 2025 година и постепено ќе се зголемува до 50 круни во 2030 година. За средните и за долгите релации, данокот ќе биде поголем и ќе изнесува и до 410 круни до 2030 година.

Мерката треба да овозможи финансирање инвестиции во корист на еколошката транзиција на домашниот воздушен сообраќај, како и зголемување на пензиите за оние со најниски примања. Даноците годишно треба да донесат околу 2 милијарди евра.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.