Во тек се истраги во врска со експлозиите што го оштетија гасоводот Северен тек минатата година, но останува нејасно кога тие ќе бидат завршени, соопштија денеска министерствата за надворешни работи на Данска, Шведска и Германија во писмо упатено до Советот за безбедност на ОН.
Шведска и Данска, во чии ексклузивни економски зони се случија експлозиите, заклучија дека гасодоводите преку кои се пренесувал природен гас од Русија до Германија биле намерно кренати во воздух, но не е кажано кој би можел да биде одговорен, пренесуваат светските агенции.
Во ова известување се наведува дека истрагите се уште не се завршени, и дека засега не може да се каже кога тоа ќе се случи.
Советот за безбедност на ОН денеска се состанува за да разговара за таа саботажа, откако Москва побара независна истрага за септемвриските напади на гасоводи. Во писмото се наведува дека руските власти се информирани за истрагите и дека оценуваат дека штетата е предизвикана од саботажа.
Во Германија, федералниот обвинител покрена кривична истрага за да утврди дали е сторено кривичното дело саботажа според член 88 од Кривичниот законик, се наведува во писмото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.