По долги години избегнување на одбранбената политика на ЕУ, Данска иако половина век нејзина членка и еден од основачите на НАТО, одлучи да се приклучи на европските сојузници. Руската инвазија на Украина ја натера да ја преиспита својата одлука да се држи настрана од вооружените конфликти, и на вчерашниот референдум 67% од Данците изгласаа дека е време да ја сменат одбранбената политика.

Важно е за Данска како нација, важно е да заземеме став, и според мене, треба да се приклучиме, во спротивно „останувате пријателот кој никогаш го нема“.

Сакам Данска да биде повеќе во брак со ЕУ, дефинитивно. И долго време, мислам дека треба да бидеме. Тоа е единствениот начин да се решат многу проблеми е кога ќе го направиме тоа внатре во ЕУ.

За данската премиерка, одлуката на нејзиниот народ е јасна порака на Путин дека Европа ќе остане обединета и по неговата инвазија.

Позитивниот исход од изјаснувањето доаѓа откако Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО, што за аналитичарите е логичен резултат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.