Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен се најде во непријатна ситуација за време на самитот ЕУ-Африка во Брисел.

Камерите забележаа дека на самитот ЕУ-Африка во Брисел, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, беше игнорирана од министерот за надворешни работи на Уганда, генералот Јеје Одонго, кој само ја одмина, а потоа Одонго се ракуваше со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и францускиот претседател Емануел Макрон.

Фон дер Лајен кратко искоментира дека не го разбира однесувањето на министерот.

Единствено што можам да заклучам е дека тоа се случи затоа што сум жена. Дали ова ќе се случеше ако носев одело и вратоврска, праша таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.