Северна Кореја oтворено се заканува на Јужна Кореја.
Ким Јо-џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, предупреди дека Северна Кореја ќе уништи големи цели во Сеул, доколку Јужна Кореја преземе каква било „опасна воена акција“.
Претходно, јужнокорејскиот министер за одбрана Сух Вук изјави дека неговата земја располага со проектили со значително подобрен дострел, прецизност и моќ, кои „можат прецизно и брзо да погодат која било цел во Северна Кореја“. Сух ја нарече Северна Кореја „непријател“.
Недоразбирања се појавија откако изминатите недели Северна Кореја тестираше две балистички ракети. Тоа се случи на 26 февруари и на 4 март. Двете земји војуваа пред повеќе од 70 години.
Откако Русија ја почна војната во Украина, немири имаше и во Нагорно – карбак, регион се кој војуваа Ерменија и Азербејџан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.