Мурал насликан во чест на Елизабета Втора ги поделени мислењата на интернет, при што некои се жалат на очигледниот недостаток на сличност со покојната кралица. Исто така, на социјалните мрежи многумина тврдеа дека тој повеќе личи на легендарниот фудбалски тренер Сер Алекс Фергусон.

Од смртта на кралицата на 96-годишна возраст минатата недела, луѓето ширум Велика Британија и ширум светот оддадоа почит на различни начини.

Во западен Лондон, уметникот Јигнеш Пател и неговиот братучед Јаш Пател насликаа голем мурал на покојната кралица. Дуото помина два дена завршувајќи го уметничкото дело, кое беше насликано на двокатна куќа на Кингсли Роуд, пренесува Би-Би-Си.

„Ние ја сакаме кралицата, а кога почина, мислевме дека мораме да и оддадеме почит“, изјави Јигнеш за Би-Би-Си.

Сепак, муралот беше брутално критикуван на социјалните мрежи, а неколку луѓе истакнаа дека повеќе личи на легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон. Еден корисник го исмејувал муралот сугерирајќи дека првично бил негов портрет кој во последен момент добил поинаква креативна насока.

„Матеј… дали сè уште го сликаш муралот на Сер Алекс Фергусон“, „Да… јас сум на половина пат. Зошто?“ „Имаше промена на планот. Погледнете што можете да направите“, се пошегува тој во твит.

Друг ја имаше истата идеја, коментирајќи: „Голема почит за Алекс Фергусон“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.