Рускиот бизнисмен и близок соработник на претседателот Владимир Путин, Евгениј Пригожин, кој е основач на приватната воена групација „Вагнер“, потврди дека студентот од Замбија, Лемехани Нејтан Ниренда, кој загина во Украина, се борел за руската приватна воена група.
Компанијата на Пригожин, „Конкорд“ објави дека „Вагнер“ го регрутирале Ниренда, пренесува „Ројтерс“.
Да, добро се сеќавам на овој млад човек, вели Пригожин во писмениот одговор на новинарско прашање дали Замбиецот се борел за Вагнер.
Пригожин додал дека Ниренда загинал како херој и дека бил еден од првите што се пробил во непријателските ровови на 22 септември.
„Ројтерс“ не можел да ги потврди околностите на смртта на Ниренда или тврдењето на Пригожин дека Замбиецот доброволно му се придружил на „Вагнер“.
Замбија соопшти дека побарала објаснување од Москва за тоа како Ниренда (23) починал во Украина иако во тој период отслужувал затворска казна во близина на руската престолнина, пренесува „Ројтерс“.
Замбиското министерство за надворешни работи и меѓународна соработка соопшти дека е „цврсто ангажирано“ во обидот за враќање на посмртните останки на нивниот државјанин.
Таткото на Ниренда изјавил дека неговиот син отслужува деветгодишна затворска казна во предградието на Москва за дело поврзано со дрога, пренесува „Ројтерс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.