Германскиот канцелар Олаф Шолц (65) изјавил дека никогаш во животот не консумирал канабис.
Ова го изјави во неделата вечерта за германската телевизија Прозибен, на прашањето дали некогаш пушел џоинт во младоста, пренесува Frankfurter Allgemeine Zeitung.
„Никогаш не сум пушел, ниту еден дим“, рече Шолц.
Германската влада неодамна одлучи делумно да го легализира канабисот за приватна употреба, Шолц вели дека верува оти владата ја прави вистинската работа со овој внимателен потег.
Но, ако некој ме праша дали е треба или не, јас секогаш би рекол – не“, изјави германскиот канцелар.
Сојузниот министер за здравство Карл Лаутербах изјави дека неодамна усвоениот закон не е донесен за да се легализира потрошувачката на канабис, туку за да се ограничи потрошувачката и да се направи побезбедна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.