Човек со непознат идентитет е снимен како плива во морето на брегот во областа на Одеса во Украина, кога морска мина ненадејно експлодирала и го разнела пред очите на целото негово семејство.
На видеото се гледаат луѓе кои трчаат преку плажата кон водата непосредно пред експлозијата.
Посмртните останки на несреќниот маж подоцна биле однесени на брегот каде пред неговата смрт неколку моменти седеле неговата сопруга, син и пријател.
Локалните власти го забранија пливањето во овој дел од морето поради војната во земјата и големиот број мини во водата.
Во соопштението, полицијата на регионот Одеса апелираше до жителите на оваа област строго да се придржуваат до правилата за вонредна состојба и да не пливаат во минираното море.
Денеска занемарувањето на безбедносните правила доведе до трагични последици. Додека пливал во морето во едно од селата во областа Одеса, експлозија на непознат предмет усмрти маж (50) пред неговите сопруга, син и пријатели.
Строгите забрани за посета на брегот и пливање во морето се безбедносни мерки кои се опасни по живот доколку се занемарат – се вели во соопштението на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.