Лидерот на нЧеченија, Рамзан Кадиров, чии сили сктивно учествуваат во борбите во Севернодонец во Донбас, објави дека е завршена последната фаза од операцијата за заземање на местото Камишеваха, село што се наоѓа на 25 километри јужно од Лисичанск, во Луганската Народна Република (ЛНР).

Завршена е последната фаза од ослободувањето на Камишеваха. Нејзините жители може да се одморат бидејќи сега се ослободени од украинската окупација – изјави Кадиров, нагласувајќи дека селото го заземале борците на специјалните чеченски сили.

Истовремено од милицијата на ЛНР соопшти дека по заземањето на ова село, станало можно опколување на украинските војници во областа Лисичанск и Северодонецк, пренесува ТАС С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.