Сојузниците на НАТО се согласија да финансираат воена помош за Украина со 40 милијарди евра следната година, изјавија двајца западни дипломати за западни медиуми.
Западноевропски дипломат изјави дека лидерите на алијансата ќе ја потпишат таа обврска следната недела за време на самитот во Вашингтон.
Претходно, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг побара од земјите-членки да ја задржат воената помош за Украина на исто ниво како и во годините по целосната инвазија на Русија на Украина во 2022 година – од околу 40 милијарди евра годишно.
Блумберг јави дека некои земји-членки на НАТО не се подготвени да се обврзат на конкретни повеќегодишни трошоци за воена помош за Украина.
Самитот на НАТО ќе се одржи во Вашингтон од 9 до 11 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.