Меѓу 27-те земји членки на ЕУ има поделеност околу проширувањето на Унијата, откако Киев денеска побара членство во екот на руската инвазија, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Во ЕУ има различни ставови и чувствителност во однос на проширувањето, рече тој.

Украинскиот претседател Зеленски во екот на руската инвазија на ЕУ денеска побара итен прием на Украина во Унијата.

Бараме од Европската унија итно да ја прифати Украина во нејзиното членство според нова, специјална процедура. Сигурен сум дека Украина го заслужи тоа и дека тоа е можно, рече украинскиот претседател

Мишел, меѓутоа, појаснува дека Киев ќе треба да поднесе формална апликација за пристапување, по што земјите-членки ќе треба да излезат со едногласна позиција.

Претходно денеска претседателот на Европскиот совет изјави дека треба да се разговара за евентуалното членство на Украина во ЕУ.

Ова се дебати кои дефинитивно ќе се одржат, рече тој на прашањето дали ЕУ е подготвена да ги отвори вратите за Украина. „Но, ние веќе имаме многу силен договор со Украина што треба да се засили“, рече Мишел.

Тоа ќе ги зајакне економските и политичките врски со Украина, додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.