Четири лица загинаа денеска откако ненадејни обилни дождови и силни ветришта погодија делови од источната индиска држава Западен Бенгал, а голем број лица се повредени, изјави локален претставник.
Невремето го погоди квартот Јалпајгури во Западен Бенгал и оштети куќи, откорна дрвја, го прекина сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија.
Шефот на локалната област Шама Парвен изјави дека во невремето загинале четири лица, додека голем број повредени се пренесени во локална болница.
Главниот министер за Западен Бенгал, Мамата Банерџи, на платформата Икс објави дека владата ќе плати помош на најблиските на починатите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.