Четири лица загинале во експлозија на католичка миса на југот на Филипините. Вкупно 42 луѓе претрпеле претежно полесни повреди, соопштија властите, додавајќи дека ситуацијата е под контрола.

Инцидентот се случил во гимназијата на државниот универзитет Минданао во Марави, најголемиот муслимански град во земјата.

Во 2017 година, во Марави се водеше петмесечна битка меѓу владините сили и милитантите поврзани со Исламската држава.

Милитантите обединети во групата Даулах Исламијах-Мауте би можеле да стојат зад бомбашкиот напад, изјави бригадниот генерал Алан Ноблеза, полициски командант во регионот.

Генералот Ноблеза вели дека 11 милитанти биле убиени од филипинската војска минатиот петок во соседниот град Дату Хофер Ампатуан, што укажува на тоа дека денешната експлозија би можела да биде форма на одмазда.

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор ја осуди експлозијата како „бесмислен и најгнасен“ чин, „извршен од странски терористи“. Тој ја повика јавноста на смиреност.

Бидете уверени дека извршителите на овој безмилосен чин ќе ги изведеме пред лицето на правдата, нагласи тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.