Претседавачот со Европска Унија, Чешка планира да организира вонреден самит на ЕУ, изјави денеска чешкиот министер за индустрија и трговија Јозеф Сикела.

Пазарот е надвор од контрола, флуктуациите на пазарните цени престануваат да реагираат на добри вести и се акумулираат само лоши вести, а тоа ги турка цените нагоре. Ова е проблем за цела Европа и секако ако имате европски пазар и европски проблем, тогаш наједноставното решение се бара на европско ниво, истакна Сикела.

Тој додаде дека зголемување на цената на електричната енергија за 20 отсто пред два дена е ургентна тема.

Мислам дека проблемот со драматичното поскапување за 20 отсто завчера е итен. Треба да видиме дали поскапувањето ќе продолжи. Ако е така, навистина е итно, истакна Сикела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.