Чешката влада објави дека им забранува влез во земјата на сите руски туристи, уметници и спортисти кои имаат виза за влез во Шенген зоната. „Ова најмногу се однесува на луѓето кои доаѓаат во Чешка со авион до аеродромот во Прага“, изјави министерот за надворешни работи Јан Липавски.

Мерката ќе стапи на сила на 25 октомври. Липавски објасни дека Чешка им се придружува на Финска, Полска и балтичките земји кои веќе воведоа таква мерка. По големите руски ракетни напади врз цивилни украински цели во понеделникот и вторникот, „мора да дојдеме до решенија кои ќе испратат јасна порака до жителите на Руската Федерација“, нагласи министерот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.