Министерот за внатрешни работи на Чешка, Вит Ракуштан, соопшти дека Прага побарала од Европска Унија 25 модуларни згради за да смести 50.000 украински бегалци.

Ракуштан истакна дека ресурсите на Чешка веќе се исцрпени.

Повеќе од 102.000 украински бегалци се пријавени во Чешка по руската воена акција што почна на 24 февруари.

Чешка, држава со население од 10,7 милиони граѓани има украинска заедница од околу 200.000 луѓе, кои главно работат во градежништвото, како негувателки и куќни помошнички.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.