Папата Франциск апелираше за завршување на војната во Украина, истакнувајќи оти судирот има последици врз децата.

Никогаш војна! Прво помислете на децата, на оние кои се лишени од надежта за достоинствен живот: мртви или повредени деца, сирачиња, деца кои си играат со остатоците од војната. Во името на Бога, престанете – напиша поглаварот на Римокатоличката црква на Твитер.

Украинските власти и Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации тврдат дека од почетокот на руската воена интервенција во Украина загинале десетици деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.