Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, соопшти дека чеченските борци „ја исчистиле од банди“ целата област на левиот брег на Мариупол, која се наоѓа во источниот дел на градот и е одвоена од другиот дел на гардот со индустриската зона „Азовстал“.
Нашите војници го истакнаа знамето над зградата на Окружното обвинителство, ми соопшти мојот драг брат Султан Рашаев.
Така, гардистите целосно ги расчистиле станбените зони во источниот дел на градот каде што живеат повеќе од 100.000 луѓе.
Последните недовршени остатоци на бандитската група, која претходно дејствуваше во регионот на Левиот брег, претрпеа загуби и побегнаа на запад. Сега моите борци го пренасочуваат чистењето на другите станбени населби во Мариупол од националистите од „Азов“ – вели Кадиров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.