Вчера на 96 години почина британската Кралица Елизабета Втора, а на смртната постела бил нејзиниот син и наследник – кралот Чарлс Трети.

Заедно со неговата помлада сестра, принцезата Ана, тој бил покрај креветот на мајка си додека не починала.

Другите членови на кралското семејство не пристигнале навреме во Шкотска.

Принцовите Вилијам, Едвард и Ендру дојдоа веднаш по смртта, а принцот Хари дури вечерта, неколку часа откако во медиумите беше објавена веста за нејзината смрт.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.