Cеверна Кореја соопшти дека последното лансирање ракета било дел од развојот на „разузнавачки сателит“.
Националната управа за развој на воздушниот простор (НАДА) и Академијата за одбранбена наука на Cеверна Кореја извршија уште еден важен тест, согласно планот за развој на сателити за извидување. Тестот им помогна на двете тела да ја потврдат „сигурноста на системот за пренос и прием на податоци на сателитот, неговиот контролен команден систем и разните системи за контрола на земјата – објави државната новинска агенција КЦНА.
Извидувачките сателити првенствено се користат за воени цели.
Резолуциите на ОН и забрануваат на Cеверна Кореја, самопрогласена нуклеарна сила, да тестира балистички ракети, од кои некои можат да носат нуклеарна боева глава.
Официјален Пјонгјанг од почетокот на годината ги зголемува тензиите со серијата лансирања на проектили од различен калибар.
Последното беше деветто вакво лансирање од јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.