Цените на нафтата денеска, на почетокот на трговијата на лондонскиот пазар надминаа 99 долари по признавањето од страна на Русија на двата проруски региони во источна Украина.

На почетокот на тргувањето во Лондон, цената на барелот скокна за 3,71 долари во однос на претходното затворање, на 99,1 долари. На американскиот пазар со барел во е-трговија се тргуваше по 4,41 долари повисока цена, 95,72 долари.

Русија во понеделникот ги призна Доњецк и Луганск и ги испрати своите „мировни“ сили во двата проруски сепаратистички украински региони кои прогласија независност во 2014 година.

Западот и се закани на Москва со санкции во случај на напад врз Украина, а пазарите стравуваат дека санкциите може да ја опфатат и руската нафта. Русија е најголемиот извозник на нафта во светот, по Саудиска Арабија и најголем производител на природен гас.

Украинско-рускиот конфликт би можел да има „значајни импликации“ за цената на нафтата – изјави за Би-Би-Си Сју Трин, директор за макростратегија во „Менјулајф инвестмент менаџмент“.

Трин предупредува дека санкциите што ќе ја принудат Русија да испорачува помалку нафта или природен гас „ќе имаат силно влијание врз светската економија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.