Цената на нафтата на меѓународните пазари денеска скокна на 105 долари по рускиот напад врз Украина, што предизвика загриженост за снабдувањето со овој енергенс поради можни казни за руската нафта.
Цената за барел нафта на лондонскиот пазар скокна за 8,15 долари во однос на претходното затворање, на 104,99 долари и накратко дојде и до 105,79 долари.
На американскиот пазар нафтата се тргуваше за 7,33 долари за барел, по 99,43 долари.
Русија рано утринава почна инвазија врз Украина по копно, воздух и море, што е најголемиот напад на една европска земја врз друга од Втората светска војна.
САД и Европа најавија најстроги санкции против Русија.
-Доколку санкциите ги опфатат платежните трансакции, руските банки, а можеби и осигурувањето на испораките на руска нафта и гас, не може да се исклучат прекини во снабдувањето, рече аналитичарот на Комерцбанк, Карстен Фрич.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.