Цените на нафтата паднаа на 92 долари на меѓународните пазари во понеделникот, откако кинеските податоци покажаа слаба побарувачка во септември поради строгите политики за ковид-19. На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 1,17 долари во однос на затворањето на тргувањето на крајот на минатата недела и „се лизна“ на 92,33 долари.

Трговците денеска беа загрижени од податоците за увозот на кинеска нафта во септември, кои беа повисоки од август, но паднаа за два отсто во однос на септември минатата година, на 9,79 милиони барели дневно, покажаа податоците на царината.

-Неодамнешното закрепнување на увозот на нафта ослабе во септември, наведуваат во белешката аналитичарите на АНЗ, објаснувајќи дека независните рафинерии не ги користеле повисоките увозни квоти доделени поради послабата побарувачка во услови на построги мерки за сузбивање на пандемијата во Кина.

Аналитичарите на ИНГ веруваат дека неизвесноста создадена од кинеската политика на нулта толеранција кон ковид и кризата во секторот на недвижности ја поткопуваат ефективноста на мерките за стимулирање на економијата, иако растот на БДП на Кина во третиот квартал ги надмина очекувањата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.