Цената на нафтата утрово се искачи на 99 долари на лондонаксата берза што е зголемување за 2,52 долари во однос на вчерашната.
На американскиот пазар барелот се продава по цена од 92,70 долари.
Пазарот на нафта реагираше откако Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници најавија можност да го намалат производството доколку ситуацијата го бара тоа.
ОПЕК има доволно простор за маневрирање за да се справи со предизвиците, вклучително и намалување на производството – изјави министерот за енергетика на Саудиска Арабија, Абдулазиз бин Салман во интервју за Блумберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.