Цената на нафтата скокна над 100 долари за првпат по повеќе од седум години, откако рускиот претседател Владимир Путин најави „воена операција“ во источна Украина, јави Би-Би-Си.
Информациите за ескалацијата, исто така, предизвикаа азиските берзи да тргуваат пониско за 2 до 3 проценти. Пазарите трпат удари во последните неколку дена додека ескалираа тензиите – цените достигнаа 98 долари пред неколку дена кога Путин го раскина мировниот договор и распореди војници во два источни региони под контрола на бунтовниците.
Дописникот на Би-Би-Си од Азија вели дека инвеститорите бегаат кон она што го сметаат за безбеден имот. Цените на златото се на највисоко ниво за повеќе од една година, додека американскиот долар и јапонскиот јен исто така зајакнуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.