Финска ја зафати невремето Лили, кое корнеше дрвја, однесе покриви, а 67.000 луѓе останаа без струја поради снегот и силниот ветер, објавија вчера финските медиуми.

Спасувачките тимови имаа многу работа за да ги отстранат последиците од невремето, како што се паднати дрвја и оштетени покриви, пишува финскиот медиум ЈЛЕ. Обилен снег падна во јужните и западните делови од земјава, а на места висината на снегот достигна и 20 сантиметри.

Вчера беше објавено дека во крајбрежните области на западот на Финска ветерот достигнал брзина од 33,5 метри во секунда.

Поради снежни наноси прекинато е снабдувањето со електрична енергија во многу домаќинства, а на места и водоснабдувањето.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.