Бугарската новинарка, Дилјана Гајтанџиева, на неформалното заседание на Советот за безбедност при Обединетите нации го претставила својот истражувачки филм посветен на биолошките лабороатирии „Лугар“ во Грузија кои работале во соработка на американското министерство за одбрана.
Во филмот на Гајтанџиева, се споменува дека во лабораториите „Лугар“ е забрането снимањето во радиус од најмалку 100 метри. Интервјуираните жители во близина на објектот се жалеле на необјасените емисии во воздухот од правец на лабораторијата, како и дека понекогаш се чувствувале и специфични мириси.
Новинарката прикажала и мапа на Украина со обележани биолошки лаборатории финансирани од САД. Гајтанџиева презентирала и бројни документи од американската амбасада во Киев кои претходно „протекоа“ на интернет.
Во документите се споменува и договор, наводно склучен меѓу Пентагон и министерството за здравство на Украина. Според новинарката, со договорот украинската страна се обврзала да ги испорача во САД примероците од патегоните откриени во лабораториите на нејзина територија.
Како што рекла Гајтанџиева, според докумените Пентагон ги спровел биолошките експерименто со ангажирање на 4.400 и 1.000 грузиски војници. Учесниците во тие експерименти можело да се соочат со „неутврдени здравствени ризици“, додала таа.
Новинарката рекла дека документите кои ги добила укажуваат на тоа дека Пентагон покажувал подготвеност да набави примероци од РНК и синовијалните ткива од руски емигранти, претставници на европоидната (кавкаска) раса.
Гајтанџиева уште во јануари годинава објави дека проектот со учество на украински војници почнал во 2017 година, а го финансирала Американската агенција за намалување на одбранбените закани (DTRA). Според објавата, во докуменот се наведувало дека „од 4.400 здрави војници во Лавов, Одеса, Харков и Киев ќе бида земени примероци од крв. Од таа бројка 4.000 примероци ќе бидат тестирани на прусуство на антитела на хантавирусите, а 400 за виросот на Кримско-конгонската хеморагична треска (CCHF).
Како потврда, Гајтанџиева на својот блог објави документи на украински јазик, но не посочи кои други истражувања биле планирани во украинските биолаборатории.
Таквите биолошки лаборатории во Украина биле основани во времето на украинскиот челник Леонид Кучма, биле затворени во времето на Виктор Јанукович, а по превратот во Киев во пролетта 2014 година со која тој беше соборен, повторно почнале со активностите, објави новинарката на својата веб-страница dilyana.bg.
Претходно руското министерство за одбрана во Москва презентираше документација запленета во текот на борбените операции во Украина, како и предадена од украински вработени во лабораториите. Од нив произлегува дека САД потрошиле повеќе од 200 милиони долари за развивање и опремување на мрежата биолошки лаборатории во Украина, кои учестувале во американската воено-биолошка програма и особено се занимавале со патогените на чума и антракс. Беше укажано и дека било истражувано и пренесувањето на патогени преку птици преселници и животни кои циркулираат на териториите на земјите во источна Европа, особено во соседна Русија.
На територијата на Украина е формирана мрежа од повеќе од 30 биолошки лаборатоирии кои работеле за Пентагон – изјави минатиот месец Игор Кирилов, началник на службата за биолошко-хемиска одбрана на Русија.
Тој тогаш додаде дека веднаш по почетокот на руската офанзива била издадена наредба за уништување на сите примероци и документацијата за американската воено-биолошката програма во Украина.
Русија во врска со овие воено-биолошки активнсота на САД во Украина, не исклучи иницирање на механизмот за консултации според Конвенцијата за забрана на биолошкото и токсичното оружје, порача портпаролката на дипломатијата, Марија Захарова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.