Проблемите на Бугарија се поврзани со човековите права и со борбата против корупција, кажа холандскиот министер за миграција Ерик ван дер Бург по синоќешниот состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Брисел. Холандија стави вето за влегувањето на Бугарија во Шенген зоната на состанокот.
Сакаме да видиме Бугарија да направи вистински чекори во оваа насока. Мора да се донесат закони и потоа тие да се имплементираат и наредната година пак ќе разговараме. Законите прво мора да се донесат од бугарскиот парламент, но потоа тие мора да се имплементираат, бидејќи носењето закони не е исто со нивна имплементација. Потоа, треба да има извештај од Европската комисија и ако Бугарија ги исполнува условите, патот до Шенген ќе биде отворен – изјави Ван дер Бург.
Тој додаде дека е изненаден од поддршката на Европската комисија за Бугарија.
Изненаден сум од позицијата на Европската комисија, која што секогаш вели дека ние сме заедница на вредности и норми. Токму затоа Европската комисија мора да ги стави човековите права и борбата против корупција високо на листата приоритети – вели холандскиот министер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.