Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, предупреди дека борбите во Украина би можеле да излезат од контрола, а од тоа може да произлезе војна меѓу Русија и НАТО, објавија странските медиуми.

Доколку работите тргнат наопаку, може да тргнат ужасно наопаку. Ова е ужасна војна во Украина. Тоа е, исто така, војна која може да стане вистинска војна која ќе се прошири во голема војна меѓу НАТО и Русија. Работиме на тоа секој ден за да го избегнеме – додаде тој.

Инаку Кремљ ги обвини сојузниците на НАТО дека всушност станале страна во конфликтот со тоа што ја снабдувале Украина со оружје, ги обучувале нејзините војници и обезбедувале воено разузнавање за напад на руските сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.