Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на своите разузнавачи за ситуацијата во Украина.

Во последните 24 часа, украинските сили продолжија значително да напредуваат во регионот на Харков. Русија се повлече од областа, но борбите продолжуваат во близина на стратешки важните градови Изјум и Купјанск – се вели во извештајот.

Во извештајот се наведува дека Русија спроведува стратегија на намерно дезинформирање за да избегне вина за кризата со храна, да ја дискредитира Украина и да го минимизира противењето на инвазијата на Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.