Британското Министерство за одбрана објави нова оценка за ситуацијата на теренот во која се наведува дека може да се очекува поголема руска офанзива.

Според британските проценки, ситуацијата на северот на Украина е главно статична, а руските сили веројатно спроведуваат период на реорганизација пред да продолжат со засилени офанзивни операции.

Руските сили се обидуваат да ги опколат украинските сили на истокот на земјата додека напредуваат од правец на Харков на север и Мариупол на југ – се наведува во извештајот.

Исто така, според британското Министерство, руските сили се уште се обидуваат да го заобиколат Николаев за да се упатат на запад кон Одеса.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.