Русија планира „манипулиран референдум“ во јужниот град Херсон за да ја оправда својата окупација, се вели во извештајот на британското Министерство за одбрана.
Во него се вели дека градот е клучен за целта на Русија да воспостави копнен коридор до полуостровот Крим – кој беше анектиран од Русија во 2014 година – и да доминира во јужна Украина, пренесува Би-Би-Си.
Британското воено разузнавање потсетува дека Русија ги користела истите тактики и методи за ретроспективно да го оправда заземањето на Крим.
Претходно и украинското воено разузнавање соопшти дека Русија ќе одржи референдум и оти тој е планиран за 27 април.
Херсон е единствениот голем град што Русија го зазеде од инвазијата кон крајот на февруари. Оттогаш, некои околни области беа повторно заземени од украинските војници, а борбите продолжуваат во регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.