Британското министерство за одбрана, соопшти дека Украина ја задржала контролата врз поголемиот дел од својот воздушен простор, истакнувајќи дека Русија не успеала да ги уништи украинските воздушни сили и нејзината противвоздушна одбрана.
Русија има многу ограничен воздушен пристап до северот и западот на Украина, а нејзините офанзивни дејства се ограничени на удари со оружје од долг дострел – се вели во соопштението на британското министерство на Твитер.
Според извештајот на британската воена разузнавачка служба, „руската воздушна активност е првенствено насочена кон јужна и источна Украина, за давање поддршка на руските копнени сили“.
Русија продолжува да ја гранатира украинската воена опрема и логистичка инфраструктура низ целата земја – соопшти Министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.