Британската воена разузнавачка служба денеска соопшти дека руските сили гаѓаат населени области во Украина, но дека силниот отпор го забавува напредокот на Русија, јави ДПА.

Степенот и силата на украинскиот отпор продолжува да ја изненадува Русија, соопшти британската воена разузнавачка служба.

Русија „одговори со гаѓање цели во населени места на неколку локации, вклучувајќи ги Харков, Чернихив и Мариупол“.

Русија употреби слична тактика и во Чеченија во 1999 година и во Сирија во 2016 година, користејќи и воздушна и копнена муниција, соопшти британската воена разузнавачка служба, пренесе ДПА.

Русија постојано негира дека гаѓа цивилни области.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.